Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Марсениќ: Во вториот дел одигравме подобро и се враќаме дома како победници
Гонзалес и Марсениќ: Во вториот дел одигравме подобро и се враќаме дома како победници

Гонзалес и Марсениќ: Во вториот дел одигравме подобро и се враќаме дома како победници

Црвено-црните дојдоа до нова третта последователна победа во ЕХФ Лигата на шампионите на гостинскиот дуел со РК Целје Пивоварна Лашко и до втор триумф на дуелите со Целје сезонава.  Мечот заврши со победа на РК Вардар од 26-32. По крајот на мечот на стандардната прес конференцијата своите впечатоци ги искажа  тренерот Раул Гонзалес, тој изјави:

Многу е тешко да се игра на овој терен. На почетокот Целје не изненади со одбрана 3-2-1. Не бевме добри во првото полувреме, па ни Штербик неможеше да ни помогне. Но, затоа во вториот дел одигравме одлично, и голманите беа на потребното ниво, одбраната исто. Кога требаше одигравме најдобро и се враќаме дома како победници.

Стрелецот број еден кај нас на овој дуел Мијајло Марсениќ  пивотменот на РК Вардар , за овој гостински  дуел во елитната европска ракометна лига изјави :

Знаевме дека ќе биде различно во однос на мечот од СЕХА лигата. Малку се мачевме во нападот и одбраната во првото полувреме. Но, се подобривме во второто и одигравме онака како што се договаравме на тренинзите во Скопје.