Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стефан Чакалиќ: Во Вардар сум веќе две години и ова ми е прва награда, која ќе ми даде уште поголем мотив за понатаму
Стефан Чакалиќ:  Во Вардар сум веќе две години и ова ми е прва награда, која ќе ми даде уште поголем мотив за понатаму

Стефан Чакалиќ: Во Вардар сум веќе две години и ова ми е прва награда, која ќе ми даде уште поголем мотив за понатаму

Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , кој по втор пат се одржуваше во Скопје. Оваа екипа во финалето беше поразена од тимот на Рк Вардар. Претходно во групата забележаадве победи и нерешен резултат, кои им овозможија да се борат за првото место. Беа совладани екипите на ХЈС Работник (18:17), Бутел-Вардар (30:9)  и нерешено со Академија 1.

-Турнирот беше едно добро искористено време, на кој имаше добри и лоши моменти. Може да се каже и дека го очекувавме второто место на овој турнир, иако во финалниот меч до крај се боревме и се надевавме на поволен резултат. 

Во идеалниот тим на турнирот во генерација родени 1998/99 се најдоа пет ракометари од редовите на Вардар, меѓу нив беше и Стефан Чакалиќ, кој го доби признанието за најдобро лево крило.

-Наградата за најдобро лево крило, беше големо изненадување за мене, но истата ја должам на мојот тим кој многу ми помогна. Во Вардар сум веќе две години и ова ми е прва награда, која ќе ми даде уште поголем мотив за понатаму, изјави Стефан Чакалиќ за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски