Friday ,18 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ куп: Влезот на дуелот Вардар Јуниор – Минаква Војводина е БЕСПЛАТЕН
Челинџ куп: Влезот на дуелот Вардар Јуниор – Минаква Војводина е БЕСПЛАТЕН

Челинџ куп: Влезот на дуелот Вардар Јуниор – Минаква Војводина е БЕСПЛАТЕН

Денес со почеток во 14-00 часот во Спортскиот Центар “Јане Сандански“ ќе се одигра осминфиналниот дуел од Челинџ куп помеѓу Жрк Вардар јуниор и српскиот претставник во ова натпреварување, екипата на Минаква Војводина. Влезот на истиот е бесплатен за сите вљубеници во ракометната игра, а исто така и на утрешниот меч помеѓу двете екипи во истата сала кој е закажан со почеток во 15-00 часот ќе биде бесплатен.

Девојките на Симе Симовски влегуваат со желба да го минат овој круг од Челинџ куп и да се пласираат во следната четвртфинална фаза од ова ЕХФ натпреварување. Вардарки во минатиот круг ја минаа екипата на англиски Лондон Енџелс, а во меѓувреме покрај настапите во домашната Супер лига каде се неприкосновени лидери одиграа и четири подготвителни дуели, два со романска Крајова и два со грчки ПАОК. Доколку евентуално поминеме тоа ќе биде историски успех за оваа малда екипа на црвено-црните.