Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално: Словенецот Нејц Цехте е нов играч на РК Вардар 1961
Официјално: Словенецот Нејц Цехте е нов играч на РК Вардар 1961

Официјално: Словенецот Нејц Цехте е нов играч на РК Вардар 1961

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на Вардар1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап. Цехте игра на позицијата десен бек и моментно настапува за тимот на Хановер во Бундеслигата.
Цехте потекнува од школата на Горење, каде настапуваше од 2013 до 2018 година по што замина за Хановер. По пет сезони минати во Германија реши да се пресели во Македонија.
Десниот бек во јануари беше дел и од репрезентацијата на Словенија која настапи на ЕП во Унгарија, и играше во групната фаза, бидејќи Словенците не се пласираа во следниот круг. Настапи за Словенија и на претходното ЕП 2020 година кога го освои четвртото место.
Вардар сезонава се пласираше во Топ-12 екипи во ЕХФ лигата на шампионите откако во групната фаза во конкуренција на осум екипи го освои петтото место со 13 бода. Сега Вардар и ќе игра во осмина-финалето против тимот на Веспрем и ќе барам пласман меѓу осумте најдобри.