Нејц Цехте и официјално е нов ракометар на Вардар. Цехте вели дека е среќен што доаѓа во клуб каков што е Вардар и дека добро знае што значи Вардар во ракометниот свет. Цехте една година ќе биде ,,црвено – црн”, со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.
.
„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме. Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис” , вели Нејц Цехте.