Одмор за ракометарите на Вардар нема, кои вечерва во скопската населба Кисела Вода играа натпревар од Купот на Македонија против екипата на Јуниор КВ. Сосема очекувано, вардарци славеа убедлива победа (40-23) и со самото тоа утре ќе играат од 12 часот против Тиквеш за пласман на завршиот Ф4 турнир во Купот.
По првите десет минути од дуелот, Вардар имаше контрола и предност од 8-3. Потоа, веќе во 20.минута се беше јасно, бидејќи шампионот на Македонија имаше висока предност од 16-5. На полувреме се замина со предност од 21-9. Шанса добија пред се младите играчи, а се воигруваше и Гаџа кој се врати од повреда. Високата предност на Вардар продолжи и во вториот дел, па така во 42. минута од дуелот екипата на Дејвис имаше предност од 30-17. Вардарци до финишот постигнаа уште низа на голови за конечни 40-23. До крајот на дуелот шанса добија сите млади играчи на Вардар, а солиден на голот со сите 60.минути беше и голманот Гогов.
Утрешниот натпревар на Вардар и Тиквеш ќе се одигра во СЦ. Јане Сандански од 12 часот.