После одигрување на последното коло во двете групи, познати се 1/8 финалните двојки во Лигата на Шампионите.
Вардар го освои 5.место во групата Б, па за противник во осмина-финалето го доби тимот на Веспрем, кој заврши на 4.место во групата А. Директен пласман во 1/4 финалето обезбедија четири екипи, кои завршија на првите две места во групите. Тоа се екипите на Кил, Алборг, Барселона и Киелце.
Ова се 1/8 финалните парови во ЛШ:
Вардар – Веспрем
Порто – Монпеље
Елверум – ПСЖ
Флензбург – ПИК Сегед
Во случај да го елиминираме Веспрем, во 1/4 финалето наш противник ќе биде екипата на Алборг.