Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Цело семејство Манаскови во Вардар , од денес и најмладиот Мартин е член на црвено-црните
Цело семејство Манаскови во Вардар , од денес и најмладиот Мартин е член на црвено-црните

Цело семејство Манаскови во Вардар , од денес и најмладиот Мартин е член на црвено-црните

Се комплетира целото семејство Манаскови во РК Вардар по таткото Пепи кој е тренер на вториот тим , постариот Дејан кој потпиша за најсилниот состав на црвено- црните од денес и најмладиот член на семејството Мартин е дел од нашиот ракометен машки тим.

Мартин Манасков инаку младински репрезенативец на земјава со својот потпис денес во наредните две години се обврза да ги брани боите на РК Вардар Јуниор . На Мартин последен клуб му беше градскиот ривал РК Металург каде беше се до почетокот на летото кога дојде до раскинување на договорот помеѓу клубот од Автокоманда и најмладиот Манасков . Годинава Вардар јуниор ќе се  натпреварува во Супер лигата.

Фото:rkvardar.mk