Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар замина на подготовки во Крањска Гора
Рк Вардар замина на подготовки во Крањска Гора

Рк Вардар замина на подготовки во Крањска Гора

Во следните десет дена, екипата на Рк Вардар ќе се подговува за новата сезона во Крањска Гора(Словенија). Ова е трета година по ред, како клубот се одлучува делот од припремите да се одвиваат на ова место. Планирано е од таму, директно да се замине за Кањижа каде ќе се учествува на меѓународен турнир. “Кањижа куп 2015“ ќе се игра во периодот од 13-16-ти август, на кој ќе настапи и нашиот шампион. Сите играчи се здрави и заминаа во Крањска Гора, каде ќе му се стават на располагање на тренерот Гонзалес. Единствено како што беше најавено во претходниве денови, со екипата не замина Страхиња Милиќ кој остана во Скопје да тренира со втората екипа. Неговото место го зазема младиот Градимир Чаневски.

Клубот го напуштија Стефан Терзиќ( Ла Риоха), Алексеј Растворце( Војводина), Добривоје Марковиќ, Михаил Чипурин, Немања Прибак(Бешикташ) и Владимир Петриќ. Нови играчи се Александер Деревен, Дејан Манасков, Мијајло Марсениќ, Хорхе Македа и Лука Циндриќ. Стручниот штаб на екипата останува целосно ист, како и претодната сезона. Турнирот кој го организира ракометниот клуб Вардар, ќе се игра во периодот од 24-27 август. Ова васушност ќе биде и последна подготовка пред стартот на новата сезона во Сеха-лигата. Во првото коло се среќаваме со Зомимак, дуел кој ќе се одигра на 28/29 август.

.