Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Червар: Иако Вардар е фаворит, ние ќе се бориме да победиме
Червар: Иако Вардар е фаворит, ние ќе се бориме да победиме

Червар: Иако Вардар е фаворит, ние ќе се бориме да победиме

Вардарци се наоѓаат во Хрватска, каде утре го играат дербито од СЕХА-лигата, против екипата на ППД Загреб. Тоа ќе биде дуел на првите две пласирани екипи на табелата во ова натпреварвање. Вардар е лидер со пет победи од исто толку мечеви, додека хрватите се втори со четири победи и еден пораз. Во пресрет на овој дуел, своите очекувања ги искажа тренерот на Загреб, Лино Червар.

-Јасно е дека на оваа средба Вардар е фаворит, но ние ќе се бориме за победата. Секој пат е тешко, а поразот од Мотор Запорожје не е толку страшен доколки од него извлечеме поука. Мораме да се бориме многу повеќе на теренот, далеку повеќе од досега и да преземеме одговорност. Без разлика дали победуваме или губиме ние мораме да извлече поука од натпреварот, истакна Червар.