Иако Вардар доминира во ракометот, екипата на Пелистер секогаш ќе биде најголемиот ривал на црвено-црните, без разлика што последниве наназад многу години класата во квалитет во голема мера е на страна на нашиот шампион. Пред почетокот на денешниот дуел кој се играше во Битола и на кој Вардар убедливо славеше (28:43), капитенот на битолчани, Васко Димитровски по повод пласманот на Вардар на завршниот турнир во Келн на вардаровиот капитен Стојанче Стоилов му врачи икона од заштитникот на градот Нектариј Битолски
Фото: Gol.mk