Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Четири играчи на Вардар се наоѓаат во ТОП-50 листата на најдобри стрелци во ЛШ
Четири играчи на Вардар се наоѓаат во ТОП-50 листата на најдобри стрелци во ЛШ

Четири играчи на Вардар се наоѓаат во ТОП-50 листата на најдобри стрелци во ЛШ

Вардар заврши на третото место во најсилната група А и во осминафиналето за противник ќе го има тимот на ППД Загреб. Што се однесува до најдбрите стрелци во Лигата на Шампионите, пред започнувањето на елиминациската рунда, Вардар има четири свои ракометари кои се наоѓаат во ТОП-50 листата на најефикасни играчи.

Највисоко котира, Даинис Кристопанс кој со 61 постигнат гол се наоѓа на 15.место, односно оваа позиција ја дели со Маласинскас од Мотор Запорожје и Ремили од ПСЖ. Тимур Дибиров е нашиот втор најдобар стрелец во најголемото натпреварување, левото руско крило се наоѓа на делба на 20.место заедно со Клер (Нант) и Руесга ( Спортнг Лисабон), сите тројца имаат постигнато по 59 голови.

На 31.место на листата на најдобри стрелци се наоѓа Иван Чупиќ со 53 погодоци. Исто толку голови имаат постигнато и Никчевиќ ( Спортинг Лисабон) и Сигурмансон ( Пик Сегед). ТОП-50 листата ја затвара ракометар на Вардар, се работи за Игор Карачиќ кој има вкупно 47 голови.