Генерацијата на ФК Вардар родени „2009“ година вчера на теренот на Академијата одигра пријателски натпревари со екипата на Работнички. Избраниците на Илија Колевски забележаа две победи.
Вардар (1) го победи тимот на Работнички (1) убедливо со резултат 6:2. Два играчи кај Вардар се запишаа во листата на стрелци, на овој меч. Тоа беа Васко Папаливски кој постигна дури четири голови, додека два беа дело на Јаков Стојковски.
Вардар (2) пак исто така дојде до победа, во дуелот со Работнички (2). На овој меч триумфиравме со резултат 2:1. Стрелци на головите беа Андреј Кралевски и Давид Колевски.