Зимската пауза е во тек, единствено само пионерките на женскиот ракометен клуб Вардар се уште не ги започнаа пролетните возбудувања. Тие се на зимска пауза и се подготвуваат за пролетниот дел. Тимот предводен од Анжела Платон и Марија Папуџиева имаше одлична есен, во пионерската лига заврши како лидер. Во кадетска конкуренција е во топ-3 тимови, во лига каде нашите девојки се значајно помали од ривалите.
Дел од овој тим е и младата, Вероника Ѓорѓиевска. Таа настапува на позицијата голман, се истакнува со одлични перформанси во есенскиот дел. Истата ја следиме уште од деновите кога беше дел од “Јуниор лигата“, каде играше секогаш значајна улога. Големиот труд кој го вложува дава “плод“, доста е напредната особено во моториката и подобрување на рефлексите, таа е беспоштеден борец кој бранеше и со повредена рака изминатата есен.
Во лигата од сите три голмани в тимот имаше скор број еден. Зад своето име има неверојатни 52% одбранети удари, таа настапи на 12 од 13 дуели за двете младински екипи. Впиша 59.одбрани зад своето име од упатени 113 удари кон нејзиниот гол во оваа есен. Покрај тоа на турнирите во Скопје и Белград беше еден од двигателите на походот до “златото“. Што беше наградено и со награди од огранизаториите на истите. Младиот голман е голем потенцијал, кој сепак треба правилно да се развива и да стигне до целта. Секогаш мотивирана, храба и предана на тимот. Личност која знае да го подигне колективот и кога играта иде во надолна линија, несомнено голем, голем голмански потенцијал поседува Ѓорѓиевска. Во продолжение ви носиме интервју со неа.
1. За почеток Вероника запознај не со твоите ракометни почетоци, твојот прв тренер и како започна ракометната, голманска приказна?
*Со ракометот се занимавам од својата осма година. Уште од мала сонував да играм ракомет и мојот сон се оствари. Започнав да тренирам во ракометната школа Александар Урдаревски, мојот прв тренер и најголем поддржувач од кој ги научив првите почетоци во ракометната игра беше Никола Димовски. Во тимот јас сум голман и на таа позиција се одлучив бидејќи ми прилега и го вложувам максимумот. Уживам кога сум помеѓу стативите, сакам да бранам тоа е нешто кое ме исполнува, нешто кое е соодветно на мојот карактер. Секогаш сакам да бидам “последна брана“ пред противничките налети и да давам имплус на тимот со моите интервенции.
2. Ти си како и поголем дел од пионерскиот состав “производ“ на големиот проект на Академијата на Вардар, Јуниор лигата, колку таа ти помогна во напредокот?
*Ако се погледне така, да јас сум производот на големиот проект “Вардар Јуниор Лигата“. Таа многу ми помогна за напредување. Моите настапи беа забележани од стручните лица на Вардар, така се случи да влезам во пионерската селекција. Овој проект на Ракометната Академија на РК Вардар е добро обмислен, што се покажува во пракса со регрутацијата на млади ракометарки и ракометари од лигата во младите категории во клубот.
3. По крајот на првенството за пред Новата година настапивте на два турнири, Гази Баба и Трофеј Белград и на двата освоивте “злато“ , како ги оценуваш тие настапи?
*За нова година со мојот тим игравме на два турнира и на истите освоивме прво место. На двата турнира учествуваа јаки екипи, но на крај ние ја истакнавме нашата борбеност и спортски дух. Сепак сакам да истакнам дека и на двата бевме многу мотивирани и така го истакнавме нашиот квалитет и единството на нашиот тим. Се разбира и јас сум презадоволна од мојот тим, а кој не би бил кога имам крај себе прекрасни личности, вредни работници на теренот и пожртвувани ракометарки. Успехот е само круна на вредната работа, добрите тренинзи од нашите тренери и љубовта која ја имаме за ракометот ние и која ни ја пренесуваат несебично на тренинзите во текот на целата сезона.
4. Дел си од пионерската екипа во која тренери ти се Платон и Папуџиева, голмански тренинзи имаш со Царчев, што значи за еден млад спортист да има вакви еминентни ракометни имиња за свои тренери?
*Јас сум презадоволна и горда што сум во тимот на Анжела Платон, Марија Папуџиева и Александар Царчев. Презадоволна сум од соработката со тренерите. Едноставно млад ракометар не може да посака подобри ментори кои би го насочувале, советувале и унапредиле во ракометната игра. Вистинско “богатство“ е да се соработува со вакви личности.
5. Ракометната есен за твојот тим е успешна, прво место во пионерската и топ-3 пламан во лигата каде што сте помлади кадетската, како ја виде ти есенската полуетапа?
Зад нас е успешна есен. Од есенскиот дел во пионерската лига сум задоволна, таму завршивме први и одигравме онака како што посакувавме, иако секогаш може и мора подобро. А пак за кадетската лига можевме многу повеќе ама има уште една полусезона пред нас и ќе се потрудиме многу повеќе да дадеме. Помлади сме од ривалите, но ние сме борбен млад тим кој секогаш ќе дава максимум во битките кои ги води на ракометниот терен.
6. Голема е паузата помеѓу двете продолженија од првенствата, работите вредно за време на зимската пауза, подготвен ли е тимот за нови предизвици?
*Зимските подготовки, се долги но истите помина одлично. Работиме се трудиме постојано и напорно се подготвуваме за ракометната пролет. Оваа пролет очекувам да играме многу подобро, да дадеме максимум, ние сме далеку повоиграни сето тоа очекувам да ниде наш плус. Сакам и ќе се трудам како и сите мои соиграчи да стигнеме до првото место. Наша должност е да се даде максимум, чест е да се игра за Вардар во првенствата.
7. Вие сте најмлад тим во Вардар, а веќе одлично функционирате, која е тајната на успесите кои ги „жнеете“ како колектив?
*Тајната на вака добро воигран тим е нашата поврзаност како сестри, сложност и секако добрите тренери. Сето тоа го сочинува “мозаикот“ наречен “пионерски состав на Вардар“. Поврзаноста на сите единки, како нас голманите меѓу себе, така со остатокот од тимот и одличните тренери даваат резултат. Тоа лесно се увидува ако се погледната табелите, резултатите и успесите на турнирите каде што земаме учество. Овој тим има уште многу да даде, само треба да останеме присебни, вредно да ги исполнуваме задачите на нашите тренери и да не служи здравјето, сето друго ќе дојде. Успехот ќе дојде како плод на нашата макотрпна работа.
Признанијата кои ги “ожнеа“ ова зимо на двата турнира младата Вероника
8. Покрај тимските награди, на двата турнира освои и поединечни признанија, најдобар голман во генерацијата и на целиот турнир, дали тоа е стимул за понатака?
*Презадоволна сум и од двата турнира и секако и признанијата што ги добив, за најуспешен голман и поединец. Мора да напоменам дека за признанијата голема улога имаат секако и мојот тим со кој одлично соработувам и тренерите кои не водат на перфектен начин. Без нивната поддршка и единството кое го има во тимот немаше да го постигнам тој успех.
9. Дел си од екипата на “Вардар“, на што прво те асоцира ова име тебе како еден од најмладите членови на големото црвено-црно семејство?
*Името “Вардар“ ме асоцира на нешто големо, во нашата земја истото несомнено е синоним за бренд број еден. Горда сум што сум дел од црвено-црниот тим, што токму во него имам прилика да се развивам како голман. Истиот ми ги овозможува сите услови за напредок, развој и усовршување како спортист и човек.
Вероника со својот идол!
10.За крај кои се твоите очекувања во иднина, кој е голманот на кој се угледуваш и ракометното мото кое те води во досегашниот дел од кариерата како млад голман?
*Во иднина сакам да се занимава со ракомет, затоа што тоа ми е животен сон. Јас мојот сон го живеам, сакам така и да остане и во иднина. Мојот идол е голманот на машкиот тим, вардарецот Дејан Милосављев, на него се угледувам како успешен пример за млад, талениран и перспективен голман. Моето ракометно мото е- труд, труд и само труд, сакам успешно да ги поминам сите младински екипи на Вардар и да стигнам до првиот тим. Се надевам мојот сон ќе се оствари, за него сум подготвена да се жртвувам, да дадам многу енергија, време, откажувања, посветеност и труд.