Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Четири вардарци ќе се подготвуваат со македонската кадетска репрезентација, за претстојното СП во Скопје
Четири вардарци ќе се подготвуваат со македонската кадетска репрезентација, за претстојното СП во Скопје

Четири вардарци ќе се подготвуваат со македонската кадетска репрезентација, за претстојното СП во Скопје

Македонската кадетска ракометна репрезентација во периодот од 6-18 август ќе биде дел од светското првенство, чиј домаќин ќе биде токму Скопје.

Селекторот на кадетите, Данило Брестовац го објави списокот од 23 ракометари, со кои ќе се подготвува за мундијалот. На списокот се најдоа и четири играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот Марко Кизиќ, потоа Игор Ѓорѓиев, Мартин Карапалевски, и Ален Ќосевски. На списокот е и Андреј Петковски, довчерашниот голман на Вардар Јуниор.

На 10.јули во Струга е закажан првиот собир на кадетите, кои на СП ќе бидат во група заедно со селекциите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.