Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Првиот натпреварувачки викенд во ракометната “Јуниор лига“ ќе се одржи во: Прилеп, Кичево, Скопје и Кавадарци
Првиот натпреварувачки викенд во ракометната “Јуниор лига“ ќе се одржи во:  Прилеп, Кичево, Скопје и Кавадарци

Првиот натпреварувачки викенд во ракометната “Јуниор лига“ ќе се одржи во: Прилеп, Кичево, Скопје и Кавадарци

Пред прагот сме на долгоочекуваната втората сезона од најголемиот проект на Ракометната академија Вардар. Ракометната  Вардар Јуниор лигата која се игра во машка и женска конкуренција стартува веќе во  недела. Според зацртаното  650 момчиња и девојчиња во следните месеци ќе одиграат околу 300 мечеви во оваа црвено-црна вардарова ракометна лига .

Планирано е годинава мечевите да не се играат како во првата сезона само во главниот град Скопје и двете сали  “Јане Сандански“ и “Кале“, туку лигата да се игра на целата територија на земјава. Еуфоријата годинава за првпат се сели во неколку градови низ Република Македонија, а викендов ќе има  дружба  и натпревари во следните четири града :  Прилеп, Кичево, Скопје и во Кавадарци. Ова се прави со цел омасовување на проектот, можност публиката од внатрешноста да гледа мечеви од лигата во кој се натпреваруваат нивните дечиња, другари, другарки и сограѓани. Исто така децата ќе имаат можност кои се од внатрешноста да имаат поддршка во локалните сали од својте најмили пред кој ќе ги презенираат својте ракометни квалитети и вештини совладани во екипите при академијата на Вардар.