Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Четири играчи од ракометниот клуб Вардар, дел од поширокиот список за бараж натпреварите против Чешка

Четири играчи од ракометниот клуб Вардар, дел од поширокиот список за бараж натпреварите против Чешка

Новиот селектор на машката ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот список на ракометари, на кои ќе смета за претстојните бараж натпревари против селекцијата на Чешка, за пласман на светското првенство, кое во 2017 година ќе се игра во Франција. Првиот меч со Чесите е закажан на 11-ти јуни на гостински терен во Злин, додека во Скопје на 15-ти јуни ќе ја пречекаме селекцијата на Чешка.

За овие натпревари, Червар повика и четворица играчи од ракометниот клуб Вардар. Се работи за Филип Лазаров, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков од РК Вардар и Мартин Манасков од екипата на РК Варар Јуниор.

Ќе видиме како ќе функционира репрезентацијата со новиот селектор кој внесува некои новитети и млади сили, пред одигрувањето на овие два важни натпревари за Македонската репрезентација.