Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ и Марсениќ дел од Српската репрезентација, за бараж натпреварите против Унгарија за СП

Абутовиќ и Марсениќ дел од Српската репрезентација, за бараж натпреварите против Унгарија за СП

Селекторот на Српската репрезентација Дејан Периќ го објави поширокиот список на ракометари со кои ќе ги започне подготовките за претстојните бараж натпревари против селекцијата на Унгарија, за пласман на светското првенство во 2017 година. Првиот дуел ќе биде одигран на 10-ти јуни во Краљево, додека пет дена подоцна на 15 јуни, ќе се одигра реваншот во Веспрем.

На списокот на селекторот Периќ за овие мечеви се најдоа и двајца играчи од ракометниот клуб Вардар. Пикерот Мијајло Марсениќ и “столбот“ во одбраната на Вардарци, Илија Абутовиќ ќе се обидат да и помогнат на својата селекција да обезбедат пласман на еден голем мудијал, како што е светското првенство. Оваа репрезентација не се прослави на последното Европско првенство во Полска, каде не успеа да ја помине ни групната фаза. Очекувањата сега се поголеми, но пред себе ќе имаат исклучително тежок противник, во името на Унгарската репрезентација. Абутовиќ ги пропушти последните неколку меча во дресот на Вардар поради повреда, но се очекува да му се стави на помош на Српскиот селектор за овие два натпревари.