Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар 2 со “одмазда“ за Текстилец, кој си замина од Скопје со висок пораз

Вардар 2 со “одмазда“ за Текстилец, кој си замина од Скопје со висок пораз

Екипата на РК Вардар 2 предводена од тренерот Стојан Петрушевски продолжува со добрите игри во првата ракометна лига. Оваа млада екипа ја забележа вкупно 18 победа и се зацврсти на второто место на табелата, кое води во плејофот за разигрување во најсилната супер лига. Совладан беше “должникот“ од есенскиот дел на сезоната, екипата на Текстилец од Штип. Дуелот се одигра во спортско рекреативниот центар Кале.

И покрај грубата игра која ја практикуваше противникот, нашите момци беа далеку подобри на теренот давајќи му до знаење на Текстилец дека оној прв натпревар бил само лош ден за Вардарци. Гостинскиот тим добро го отвори мечот и во првите минути имаше водство од 0:2, што беше и нивно единствено во текот на целиот дуел. Набрзо започна да функционира тимот на Петрушевски, кој постигнува три гола во серија, за прво водство од 2:3. Веќе во следниот напад, Текстилец успева да го израмни резултатот на 3:3, што беше прво и единствено. Следи нова голема серија на црвено-црните од 5:0, за најубедливи 8:3 во тие моменти. До крајот на првото полувреме ја одржувавме стекнатата предност, за на одмор да се замине со резултат 14:8 во корист на нашиот состав.

Вториот дел започна речиси идентично како и првиот. Првие два погодоци им припаднаа на Текстилец ,за намалување на резултатот 14:10. Сепак Вардар имаше одговор во секој момент, прави серија од 4:0, за највисоки 18:10, по што беше решено кој ќе ги освои бодовите. Само за момент, противникот успева со гол да ја прекине нашата серија, но сепак Вардар беше екипата која ја контролираше играта и резултатот. Постигнуваме нови четири погодоци за двоцифрена предност од 22:11. Полседните 15 минути беа само рутина и одработување на овој натпревар, кој беше препоследен за црвено-црните во првата ракометна лига. Конечниот резултат гласеше 29:16.

Вардар сега има 54 бода, само три помалку од првопласираниот тим на ХЈС Работник. Најефикасен во редовите на Вардар 2 беше Тоше Ончев, кој беше стрелец на 11 голови. Стефан Крстевски и Иван Димитриевски погодоија по четири пати. Во последното коло ќе гостуваме на екипата на Куманово.

Вардар 2: Кизиќ, Брауновиќ. Димов 2, Димовски 3, Анастасовски 2, Димитровски 4, Наумовски, Стојковски 1, Дамчески 1, Стошиќ, Трпчевски, Кукуловски, Димковски 1, Крстевски 4, Љубевски, Ончев 11.