Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дури по продолженијата, женската екипа на Академија 1 стана шампион на Јуниор лигата, кај генер. “2004/05

Дури по продолженијата, женската екипа на Академија 1 стана шампион на Јуниор лигата, кај генер. “2004/05

Во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански вечерва се одигра последниот финален натпревар. Во женска конкуренција, кај генерација родени 2004/05 година екипата на Академија 1 во неизвесен натпревар успеа да излезе како победник во дуелот со Опш. Кисела Вода. Победникот беше решен дури по продолженијата.

Целиот натпревар беше доста израмнет и на крајот нијанси го одлучија победникот. Двете екипи се менуваа во водство, а интересно е што ниедна од двете екипи немаше предност поголема од еден гол разлика. Првиот дел заврши со мал број на погодоци, вкупно четири или по два на двете страни за нерешени 2:2 во овој дел од натпреварот.

vardarfans zensko finale

Опш. Кисела Вода првото водство го имаше на стартот на второто полувреме, кога поведе со 2:3, а потоа и 3:4. Во наредниот период, Академија 1 успеа да направи резултатски пресврт и до крајот на натпреварот да има минимално водство. Дури четири пати, екипата на Кисела Вода го израмнуваше резултатот, последното беше 7:7, што беше резултат во регуларниот дел. Се пристапи да се играат продолженија по 5 минутиа, но по првото проолжение резултатот беше израмнет на 8:8. Само еден погодок во вторите 5 минути го решија натпреварот, кој го постигна екипата на Академија 1. Конечниот резултат гласеше 9:8.  Така го добивме и последниот победник од денешната програма на Јуниор лигата.

vardarfans finale

Последниот дел е доделување на наградите за победниците и за екипите кои го освоија третото место.