Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик се враќа на голот на Шпанија, на СП патуваат Душебаев, Македа и Кањелас
Штербик се враќа на голот на Шпанија, на СП патуваат Душебаев, Македа и Кањелас

Штербик се враќа на голот на Шпанија, на СП патуваат Душебаев, Македа и Кањелас

Селекторот на Шпанската ракометна репрезентација го објави списокот на ракометари на кои ќе може да смета за претсотојнното светско првенство во Франција. Новиот предводник на “фуријата“ реши да го врати Штербик на голот на репрезентацијата за овој мундијал. Отсуството на Арпад се почуствува на квалфикациите за олимписките игри, каде Шпанија не успеа да обезбеди “виза“ за настап на ОИ во Рио. Затоа новиот селектор не сакаше повторно да ризикува и експресно го врати Шгтербик во тимот.

Покрај него на списокот се најдоа уште три ракометари на Вардар. Алекс Душебаев, Жоан Кањелас и Хорхе Македа ќе ги бранат боите на Шпанија на СП и ќе го претставуваат Вардар. Шпанија е во група томку со Македониј, каде се уште и селекциите на Словенија, Исланд, Ангола и Тунис.