Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор лига“: РК Карпош и РК Будимир победнички во машкиот дел кај генер. 2004/05
“Јуниор лига“: РК Карпош и РК Будимир победнички во машкиот дел кај генер. 2004/05

“Јуниор лига“: РК Карпош и РК Будимир победнички во машкиот дел кај генер. 2004/05

Денес на Кале продолжи програмата од шестото коло во ракометната “Јуниор“ лига. На програмата беа два натпревари во машкиот дел кај генерација родени 2004/05 година.

Во првиот се сретнаа екипите на РК Карпош-Вардар од Куманово и РК Асови-Вардар од Кичево. Победник беше тимот на РК Карпош, кој славеше убедлива победа. Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков исход. РК Асови беше тимот кој имаше водство од 2:5 и 3:6, но од тие моменти следи целосен пад во нивната игра. Можеби зачудувачни но вистинито, Кумановчани успеваат во продолжение од натпреварот да направат серија од 15:0 и да имаат убедливо водство од 18:6. По првото полувреме резултатот гласеше 9:6. Асови ја прекинаа лошата серија постигнаа три последователни голови за намалување на 18:9, но последните два гола од натпреварот беа дело на РК Карпош, кој славеше со резултат 20:9.

28

Давид Видевски беше најефикасен со 10 голови, додека Марио Бошковски постигна 8 кај победничкиот тим. Кај РК Асови најдобар беше Дарко Соколески со 4 погодци.

29

На вториот денешен меч кај истава генерација, РК Будимир успеа да дојде до триумф против екипата на РК Филип-Вардар. Заслужена победа за оваа школа, која имаше постојано водство и контрола на резултатот во текот на целиот меч. Само еднаш екипата од Прилеп го израмни резултатот, на стартот кога беше 1:1, по што следуваше серија на РК Будимир од 4:0 за предност од 5:1. Ова водство го одржува до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат од 9:5. Вториот дел започна со гол на РК Будимир за водство од 10:5. Стекнатата предност им овозможуваше полесно да го играат вториот дел, во кој имаа и највисоки седум гола разлика (15:8). До крајот РК Филип успеа само да намали и да го заври мечот со достоен пораз од 15:10.

vardarfans-rk-filip

Кирил Симоновски денес одигра одличен натпревар кај РК Будимир, постигнувајќи дури 9 голови. Кај поразените се истакна Лука Ѓурчиноски со 4 голови.