Македонската ракометна репрезентација вечерва започнува со настапи во квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година.
Вечерва во С.Ц. Борис Трајковски од 20:00 часот, Македонија ќе биде домаќин на репрезентација на Финска. Селекторот Брестовац веќе одлучи на кои 16 ракометари ќе смета за овој натпревар.
Во составот се најдоа и четворица играчи од Европскиот Шампион. Се работи за Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски и Гоце Георгиевски. Единствено кој нема да биде во составот е младиот голман, Марко Кизиќ.