Иако беше на поширокиот список на повикани играчи, сепак поради актуелната ситуација со корона вирусот, Кристијан Дисингер нема да настапи за репрезентацијата на Германија, за претстојните квалификациски натпревари.
После подолго време, Дисингер беше повикан да го облече националниот дрес, но сепак тој ќе остане во Скопје и ќе се подготвува со екипата на Вардар. Селекторот на Германија, Алфред Гисласон за дуелите со БИХ и Естонија, ќе смета на ракометари исклучиво кои настапуваат во бундес лигата.
Репрезентативни настапи во следниов период ќе имаат шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Стоилов, Талески, Георгиевски, Мишевски и Кизиќ кои со Македонија ќе одиграат дуел против Финска, како и Чупиќ за Хрватска.