Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ: Остваривме голем резултат и успеавме да освоиме се што можеше
Лука Циндриќ: Остваривме голем резултат и успеавме да освоиме се што можеше

Лука Циндриќ: Остваривме голем резултат и успеавме да освоиме се што можеше

Сезоната која е веќе зад нас, ја одбележи екипата на РК Вардар, која успеа да освои четири трофеи, во сите натпреварувања, каде црвено-црните доминираа. Најголем е секако оној од лигата на шампионите, а тука беа уште и од СЕХА-лигата и од домашното првенство и куп. Сигурно еден од играчите, кои оставија значаен белег оваа сезона, е Лука Цидриќ кој пружи добри игри во дресот на Вардар. Лука во изјава за СЕХА го потенцира големиот успех кој го направи со Вардар оваа сезона, каде успеа да освои четири трофеи.

-Остваривме голем резултат и успеавме да освоиме се што можеше. Тоа ќе ни претставува цел и мотив за следната сезона, да освоиме барем половина од трофеите, кои беа во наши раце на крајот од ова сезона. Свесни сме дека направивме голем резултат, но како што напоменав ќе биде тешко да го повториме овој успех, но сепак тоа ќе ни биде дополнителен мотив.

Циндриќ ќе биде дел и од репрезентацијата на Хрватска на ЕП следната година, кое се игра токму во оваа земја.

-Тоа е нешто посебно, за тоа се тренира и живее, а кога си дел од репрезентацијата на Хрватска очекувањата се секогаш големи. Имаме тешка група и ниеден натревар нема да биде лесен, но ние ќе атакуваме на највисок пласман и медал од ЕП, на кој сме ние домаќини.