Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нова бледа игра на Вардар, Грнчаров си постигна автогол за победа на Матерсбург

Нова бледа игра на Вардар, Грнчаров си постигна автогол за победа на Матерсбург

Вардар повторно разочара и загуби, овој пат од тимот на Матерсбург. Вардар во првиот дел делуваше многу лошо, првиот удар кон голот на противникот го упати дури во 43 минута. Во вториот дел Грнчаров си постигна автогол, а не беа искористени и неколку добри шанси за гол. Се на се, уште една бледа игра на Вардар и разочарување.

Првиот дел заврши без голови 0:0. По првото полувреме Вардар се реши повеќе да се брани отколку да напаѓа. Во првите 45 минути тимот на Вардар се закани само на два наврати кон голманот на противникот и тоа првата шанса беше во 43 минута од мечот. Фелипе одлично го проигра Хамбарџумјан, кој му сервираше гол шанса на Којашевиќ но овој играч го промаши целиот гол. Во следната минута и Фелипе упати удар од 20-сетина метри, без никаква посериозна опасност кон Матерсбург. Противникот доминираше во првиот дел, покрај поголемиот број на шанси и голем број на дуели добија играчите од Австрија.

Немоќта на Вардар продолжи и во вториот дел. Во 54 минута од мечот еден играч на противникот нафрли во нашиот шеснаесетник топката ја удри Грнчаров и заврши во мрежата на Алексовски. за предност на Матерсбург од 1:0. Во 58 минута одново Којашевиќ имаше добра шанса за гол, но и овој негов удар заврши надвор од рамките на голот. Во 59 минута Балотели за малку не погоди, од 20-сетина метри силно биеше само во стативата од голот на Матерсбург. До 80 минута Вардар имаше уште две добри шанси преку Исени и Блажевски но и тие не беа искористени. До крајот на натпреварот Вардар бараше начин да постигне гол но не му успеа намерата.

Ова беше втор пораз во низа после оној против Марибор, на кој исто така не постигнавме гол.