Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ во ТОП-20 најдобри трансфери според “Балкан Хандбал“
Лука Циндриќ во ТОП-20 најдобри трансфери според “Балкан Хандбал“

Лука Циндриќ во ТОП-20 најдобри трансфери според “Балкан Хандбал“

Традиционално секоја година, реномираниот ракометен портал “Балкан Хандбал“ ги избира најдобрите трансфери на играчи, кои со своите добри игри ја одбележале натпреварувачката сезона. Во овој избор се најде и еден ракометар на Вардар, кој на почетокот на сезоната додје во црвено-црниот состав. Се работи за Хрватскиот репрезентативец и организатор на играта на Вардар, Лука Циндриќ, кој пред се во 2016 година пружа добри игри во дресот на Вардар.

Вака изгледа листата на најдобри 20 трансфери, која ја предводи Данецот Расмус Лауге од екипата на Фленсбург.

1. Расмус Лауге  ( Кил- Фленсбург)

2. Никола Карабатиќ ( Барселона -ПСЖ)

3. Микаел Апелгрен ( Мелсунген – Рајн-Некар)

4. Дарко Џукиќ ( Металург – Бешикташ)

5. Мигаел Дамгард ( Холстебро – Магдебург)

6. Иман Џамали ( Веспрем – Кристијанштад)

7. Борис Пухоуски ( Азот Пулави – Мотор Запорожје)

8. Јанко Божовиќ ( Брест Мешков – Металург)

9. Адриан Фал ( Хамбург – Гепинген)

10. Винсент Жерард ( Данкерк – Монпелје)

11. Никлас Ландин ( Рајн- Некар – Кил)

12. Ахмед Ел Ахмар ( Ел Џаиш – Замалек)

13. Дарко Станиќ ( Рајн Некар – Ел Џаиш)

14. Хенрик Мелгард ( Скјерн – ПСЖ)

15. Кристиан Малмагро ( Баја Маре – Ла Риоха)

16. Лука Циндриќ ( Металург – Вардар)

17. Небојша Симиќ ( Малмо – Кристијанштад)

18. Стеин Гудјонсон ( Селестат – Нимес)

19. Владимир Чупара ( Ц. Ѕвезда – Адемар Леон)

20. Тим Сутон ( Лемго- Либеке).