Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Металург – Вардар директно на МРТ -1
Металург – Вардар директно на МРТ -1

Металург – Вардар директно на МРТ -1

Денеска со почеток во 18 часот во населбата Автокоманда, по трет пат оваа сезона силите ќе ги одмерат шампионот на Македонија тимот на РК Вардар, и домаќинот на овој дуел, најголемиот конкурент за титулата oваа сезона, екипата на РК Металург. На денешниот натпревар нашите момци ќе влезат со четири голови предност стекнати на првиот дуел кој се одигра во нашата сала. И на овој денешен дуел нашиот тим влегува како апсолутен фаворит, не да ги одбрани тие четири голови предност, туку и да слави висока победа, и со самото тоа да реши уште една титула во своја полза.

За овој натпревар, сите љубители на црвено – црните бои кои нема да бидат во можност да дојдат во сала, МРТ -1 ќе врши директен пренос од овој дуел со почеток во 18 часот.