Екипата на РК Вардар се пласира на нов завршен турнир во СЕХА-лигата, кој оваа сезона ќе се одржи во градот Брест, а како организатор ќе биде екипата на Брест Мешков за прв пат. Црвено-црните го освоија првото место во регуларниот дел од ова натпреварување и во полуфиналето ќе играаат против екипата на ППД Загреб, која заврши како четвртопласирана.
Пред одигрување на завршниот турнир кој на програмата е од 7-9-ти април, експертите на СЕХА ги номинираа играчите кои ќе се борат за МВП, или за најкорисен ракометар во оваа сезона. Во овој избор се најде Лука Циндриќ од редовите на Вардар. Инаку Лука е втор најдобар стрелец на црвено-црните во ова натпреварување, после Тимур Дибиров. Организаторот на играта на Вардар и хрватски репрезентативец до овој момент има постигнато 52 голови. Покрј него за ова признание ќе се борат уште, Иван Стевановиќ (ППД Загреб), Блаж Јанц (Целје) и Момир Илиќ (Веспрем).