Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар се прости од тројца свои ракометари, кои од следната сезона ќе настапуваат за други екипи
РК Вардар се прости од тројца свои ракометари, кои од следната сезона ќе настапуваат за други екипи

РК Вардар се прости од тројца свои ракометари, кои од следната сезона ќе настапуваат за други екипи

Ракометниот клуб на Вардар ја освои десеттата јубилејна титула во домашното првенство. Избраниците на Раул Гонзалес стигнаа до нова победа во супер лигата, против екипата на Макс Струмица. Ова беше претпоследен меч за црвено-црните во оваа натпреварувачка сезона, а последниот го играме на гостински терен против екипата на Прилеп. Ја оправдавме и оваа сезона фаворитската улога и повторно ја освојуваме двојната круна.

По завршување на натпреварот ни беше врачена шампионската титула за освоеното прво место. Клубот се заблагодари на играчите кои до оваа сезона го носеа црвено-црниот дрес, а веќе од следната ќе настапуваат за други клубови. Се работи за Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен кои после три години поминати во Вардар се селат во Горење од Велење. Тука е и Дејан Манасков кој по само една сезона се враќа во бундеслигата, во редовите на Рајн-Некар. На овој меч недостасуваше и Сергеј Горбок кој официјално заминува во Пик Сегед. Иако се споменува заминување на Карачиќ и Душебаев, сеуште нема никаква официјална потврда од Вардар. До овој период потврдено е доаѓањето на Канелас и  Рожерио Мораес Фереира од редовите на Кил. Се очекува и потврда на трансферот на Иван Чупиќ од Киелце.