Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар им се заблагодари на Дембеле, Черноиваненко, Сокач и Грбиќ
ЖРК Вардар им се заблагодари на Дембеле, Черноиваненко, Сокач и Грбиќ

ЖРК Вардар им се заблагодари на Дембеле, Черноиваненко, Сокач и Грбиќ

Нашиот женско ракометен шампион го одигра последниот натпревар во супер лигата за оваа натпреварувачка сезона. Совладана беше екипата на Металург (34:28), а по завршување на овој меч беа додели медалите и трофејот за освоеното прво место. Ова беше вкупно четврта последователна титула за екипата на ЖРК Вардар, а веќе третта година како ја освојуваме двојната круна. Клубот се поздрави и им додели заблагодарници на четири ракометари, кои од следната сезона нема да бидат дел од црвено-црниот состав.

Сираба Дембеле и Олга Черноиваненко се селат во Ростов-Дон, Итана Грбиќ по само една сезона се враќа во својот матичен клуб, екипата на Будуќност, додека нова дестинација за Маја Сокач е Турски Јенимихале. Нивните позиции веќе се пополнети со Камила Херем и Тамара Мавсар, додека нови ракометарки се уште Лакрабер и Песоа.