Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црните заминаа за Шведска, без Лазаров и Марсениќ
Црвено-црните заминаа за Шведска, без Лазаров и Марсениќ

Црвено-црните заминаа за Шведска, без Лазаров и Марсениќ

Нашиот шампион околу 12:45 часот замина за Кристијанштад, каде во недела ќе го одигра третото коло во групата Б од лигата на шампиони. Предвидено е да се слета во Копенхаген, а од таму со автобус до Кристијанштад. За утре е планирано да се одржи првиот тренинг во салата ќаде ќе се одигра овој натпревар. Вардарци имаат убава можнсот со победа од овој дуел, да бидат на првото место на табелата, пред екипата на Рајн-Некар.

vardarfans rk zamina za svedska

Во Шведска се отпатува без капитенот Филип Лазаров и пикерот Мијајло Марсениќ. Гонзалес има на секој дуел “слатки“ маки за тоа кој треба да отпадне од составот. Широкиот ростер на квалитетни играчи со кој располагаме, дава можност за ротација но и одмор за некој ракометар на секој натпревар. Пренос од мечот кој започнува во 16:30 можете да проследите на МРТ-1.

Фото: Рк Вардар мк.