Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Алек Чупетрески: Преку “Јуниор“ лигата на Вардар сите деца имаат можност да играат натпревари на повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар
Алек Чупетрески: Преку “Јуниор“ лигата на Вардар сите деца имаат можност да играат натпревари на повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар

Алек Чупетрески: Преку “Јуниор“ лигата на Вардар сите деца имаат можност да играат натпревари на повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар

Зад нас е првата успешно реализирана година од големиот ракометен проект на машкиот и женскиот црвено-црн колектив вардаровата “Јуниор лига“. Во истатата се натпреваруваат дечињата во машка и женска конкуренија во повеќе возрасни категории од вардаровите регионални ракометни школи. Школите учествуваат со свои екипи во оние генерации каде имаат доволно играчи за составување тим, а во одредени генерации каде има помал фонд на играчи се формираат тимови т.н “Академија“ во кои се спојуваат играчи од иста возраст од неколку школи со цел напредок и создавање идни членови за вардаровите екипи. Алек Чупетрески беше дел од екипите на РК Филип-Вардар и на Академија 3, со која го освои второто место кај генерацијата родени 2000/01 година.

Започнав да тренирам ракомет на девет годишна возраст, во ракометниот клуб Филип од Прилеп. Желбата за овој прекрасен спорт ми се јави кога за прв пат ги гледав настапите на нашата репрезентација и ракометните клубови. Преку “Јуниор“ лигата на Вардар сите деца имаат можност да играат натпревари на повисоко ниво и еден ден да заиграат за ракометниот клуб Вардар.

Во големото финале, кај генерацијата 2000/01 се сретнаа екипите на РК Урдаревски и Академија 3, за која настапуваше Чупетрески. Неговата екипа беше поразена во тој финален меч и на крајот го освои одличното второ место.

-Првата сезона во “Јуниор“ лигата беше ново искуство и нов предизвик за мене и за мојата екипа. На крајот завршивме на втората позиција. Иако бевме задоволни знаевме дека можеме и сакаме повеќе од постигнатото. Кога станува збор за игрите и резултатите на мојот тим јас сум прилично задоволен бидејќи цела сезона се боревме за секоја утакмица и за секој гол. Што се однесува до моите лични резултати и игри го дадов максиумот, бидејќи секоја утакмица ја играв со срце и имав доста добри резултати и минутажа, но се разбира секогаш може подобро. Јуниор лигата ми помогна да се развијам како играч и преку неа стекнав големо искуство за ракометната игра и тимскиот дух.

Најголемата заслуга за успешната работа во РК Филип-Вардар се препишува на тренерскиот Александар Таневски и Марјан Николовски. Веќе пет играчи од оваа школа се селектирани за настап во младинските категории на РК Вардар за следната натпреварувачка сезона.

-На крајот од сезоната Р.К Вардар организирасе селекција на играчи. Во списокот бев и јас, но за жал не можев да учествувам поради мојата повреда. Сепак се надевав дека некој ја следи и памети мојата дотогашна игра. Еден ден добив повик од тренерот на младинската категорија на Р.К Вардар кој ми предложи да размислам за да продолжам да тренирам и играм за Р.К Вардар. За мене повикот да играм за Р.К Вардар значи нов предизвик но и поголема обврска. Очекувам поголеми предизвици, поголеми успеси и уште повеќе да ги запознаам тајните на ракометната игра која што многу ми значи, изјави Алек Чупетрески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски