Нашиот фудбалски шампион вчера вечерта го одржа првиот тренинг на стадинот, каде вечерва со почеток од 20:45 часот ќе го одигра реванш натпреварот од второто квалификациско коло против екипата на Динамо Загреб. Пред тренингот Вардарци одржаа и пресконференција, на која своите очекувања за денешниот дуел ги изнесоа тренерот Седлоски и капитенот Грнчаров. Двајцата најавија дека Вардар не е дојден со “бело знаме“ во Хрватска и дека до последните минути ќе се бори да дојде до резултат, кој би ги однел во следната рунда од најголемото натпреварување.
Веќе е познато дека за овој натпревар, Гоце Седлоски нема да може да смета на услугите на Мијушковиќ и Попов, кои поради повреди останаа во Скопје и нема да бидат во можност да му помогнат на својот тим.