Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Комити > Рано утринава Комитите заминаа на пат за Загреб
Рано утринава Комитите заминаа на пат за Загреб

Рано утринава Комитите заминаа на пат за Загреб

Рано утринава најверните навивачи на ФК Вардар, популарните Комити заминаа на пат за Загреб, како би му дале голема поддршка од трибините на нашиот тим на мечот против фаворизираниот тим на Динамо од Загреб.

Повеќе од 200 Комити тргнаа на пат за Загреб,  тие се очекува во главниот град на Хрватска да пристигнат некаде напладне. Натпреварот започнува во 20 часот и 45 минути. Според нашите информации на Комитите ќе им се придружат и неколку стотина македонски навивачи кои живеат и работат во Загреб, на кои во срцето им се ”црвено – црните” бои. Сите останати ќе стискаат палци пред малите екрани. Директен пренос ќе има на ТВ Телма.