Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Биди дел од “Академијата на ФК Вардар“
Биди дел од  “Академијата на ФК Вардар“

Биди дел од “Академијата на ФК Вардар“

Најголемиот спортски бренд во Македонија, фудбалскиот клуб Вардар ќе прима нови членови во својата Академија. Секој кој сака и има желба во иднина да се занимава со фудбал и да биде дел од големото црвено-црно семејство може да се запише да тренира во Вардар. Клубот преку својата официјална страна излезе со соопштение во кое се вели:

Фудбалската Академија на ФК Вардар ги отвора вратите за младите кои отсекогаш сонувале да станат фудбалери. Генерациите од 2002 до 2010 година имаат можност да бидат дел од подмладокот на најтрофејниот македонски клуб и успешни вардарови првотимци

Сега веќе не мора да се грижиме за условите во кои ќе се одвиваат тренинзите. Академијата располага со фудбалско игралиште со вештачка трева, на површина 8700 m² и димензии од 130 метри во должина и 65 метри во ширина. Теренот е осветлен со рефлектори, што на нашите млади генерации ќе им овозможи по потреба да тренираат и во вечерните часови. Четири соблекувални за фудбалерите и две за тренерите со површина од по 50m², опремени со централна вентилација и подно греење. Предавална за теоретска и спортска настава, со површина од 70m² и капацитет за 50 лица. Со изградбата на новата Фудбалска Академија која поседува соодветна инфраструктура, Македонија доби институција за развој на млади фудбалски таленти и со неа може да конкурира со најдобрите во Европа.

ФК Вардар го започна и најголемиот младински проект „Вардар Јуниор лига“. Овој проект има за цел да го поттикне интересот за фудбалот меѓу младите таленти низ цела Македонија, како и да им овозможи на младите соодветни услови за развој при изучувањето на тајните на фудбалската игра, под стручна подготовка на 15 професионални тренери.

Стратешки приоритет на Фудбалската Академија на ФК Вардар е фудбалскиот и телесен развој на идните врвни Вардаровци и репрезентативци. Затоа ги повикуваме младите кои имаат желба да бидат дел од шампионот Вардар, да се запишат во Академијата од 10 до 31 август, секој работен ден од 9 до 21 часот. Месечната членарина е 800 денари, а тренинзите започнуваат од 1-ви септември. Најталентираните понатаму ќе добијат можност да бидат дел од професионалните групи на фудбалската академија Вардар. Телефон за детални информации: 02 3 130 712.