Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Кај моите играчи има мотив за подобар натпревар од оној во Скопје – Грнчаров: Дојдовме тука да се надигруваме до крај
Седлоски: Кај моите играчи има мотив за подобар натпревар од оној во Скопје – Грнчаров: Дојдовме тука да се надигруваме до крај

Седлоски: Кај моите играчи има мотив за подобар натпревар од оној во Скопје – Грнчаров: Дојдовме тука да се надигруваме до крај

Вардарци денес пристигнаа во Загреб, каде утре со почеток од 20:45 часот ги очекува реванш натпреварот од второто квалификациско коло, против екипата на Динамо Загрев. Вечерва нашиот шампион се очекува да го одрѓи и првиот тренинг на “Максимир“ стадионот каде утре вечер ќе се одигра натпреварот. Во пресрет на овој меч, ФК Вардар одржа и пресконференција на која зборуваше шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски, како и капитенот Грнчаров. Седлоски верува во своите момци, дека можат да одиграат уште подобро и да го победат противникот.

-Уште кога го добивме Динамо за противник, знаевме дека станува збор за моќна екипа, која секоја година е  дел од европските натпреварувања. На првиот меч одигран во Скопје  заубивме, иако според бројот на шансите не заслуживме. Тој пораз не боли. Сепак има уште 90. минути, каде што можеме да изненадиме. Да покажеме дека таа игра не е случајна. Играв тука како играч, сега како тренер сакам да победи Вардар. Ќе дадеме се од себе, да одиграме подобро од Скопје. Ние грешевме на почетокот, примивме гол. Како се одвиваше мечот бевме рамноправни и некогаш подобри рече Гоце Седлоски.

Грнчаров напомена дека неговиот тим е подготвен да се надигрува и секако да извлече поволен резултат.

-Доаѓаме тука со негатива, но сакаме да се надигруваме и да оствариме добар резултат. Предавање нема и не смее да има. Сметам дека овој тим може да одигра многу подобро од Скопје изјави капитенот Бобан Грнчаров.