ЖРК Вардар сигурно ги има најдобрите голмани во европа. Ина Суслина и Амандин Лејно се вистинско “богатство“ за тимот и едни од најстандардните што се однесува до прикажаните игри во изминативе три сезони, откако црвено-црните се натпреваруваат во лигата на шампиони. Во сезоната 2014/15, Вардарки во четвртфиналето го елиминираа тогашниот првак, екипата на Ѓер и втора последователна година се пласираа на завршниот турнир на четирите најдобри екипи. На тој прв натпревар одигран во Скопје славевме со резултат 24:18, додека во реваншот одигран во Унгарија, успеавме да останеме непоразени играјќи нерешено 27:27. Токму Суслина и Лејно беа најзаслужни за пласманот на Ф4. На првиот дуел Суслина имаше посебна вечер, додека во реваншот главниот збор на голот го имаше Лејно.
Погледнете го видеото со нивните одбрани на првиот натпревар натпревар против Ѓер одигран во Скопје.