Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вечерва тренинг на ”Максимир” од 20-30 часот
Вечерва тренинг на ”Максимир” од 20-30 часот

Вечерва тренинг на ”Максимир” од 20-30 часот

ФК Вардар утринава пристигна во Загреб. Нашите фудбалери целиот денешен ден ќе го искористат за релаксација, односно прилагодување на климата во Загреб. Единствениот и најважен тренинг на ”Максимир” нашите фудбалери ќе го имаат вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути.

Нашите фудбалери ќе имаат можност да се запознаат со тревникот на ”Максимир” и сите останати детали од стадионот на Динамо. Очекуваме утре на ”Максимир” да пристигнат и преку 200 навивачи од Скопје, а се очекува бројката да биде поголема со навивачи од Хрватска.