Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Без Попов утре против Динамо
Без Попов утре против Динамо

Без Попов утре против Динамо

ФК Вардар пристигна денеска наутро во Загреб. ”Црвено – црните” во Загреб отпатуваа ослабени. Двајца наши играчи од одбраната, кој настапи на првиот дуел во Скопје во вторникот, овој пат останаа во Скопје и нема да можат утре да им помогнат на своите момци во мисијата наречена ”рушење на Динамо”.

Попов го мачат проблеми со лигаментите на зглобот на десната нога, кој му се истегнати. Исто така поради вирус од поодамна се знаеше дека и Мијушковиќ нема да патува. Се очекува на нивно место да настапат Глишиќ и Новак.