Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ куп: Вардар СЦЈС на мегдан со Свиленград од Бугарија

Челинџ куп: Вардар СЦЈС на мегдан со Свиленград од Бугарија

Младите вардарки  втора екипа, Вардар СЦЈС го дозна својот ривалот за третото коло во Купот Челинџ, наш противник е екипата  на Свиленград која доаѓа од соседна Бугарија. Првиот меч  против бугарките би требало да се игра на 12 или 13 ноември во Бугарија, а реваншот во Скопје ќе биде  седум дена подоцна . Бугарките  дебитират првпат   во Евро-куповите. Црвено-црните девојки се фаворитки во овој дуел .

zdreb

Челинџ двојки за третото коло !!!

 

Симе Симовски тренерот на Вардар СЦЈС за овој двомечот со Свиленград од Бугарија го изјави следново :

Гледано според името на ривалот и земјата од каде доаѓа, ова е добра ждрепка. Без оглед на тоа што сме фаворити, треба до крај да се одигра максимално ангажирано, и да нема опуштање на натпреварите против Свиленград. Бугарија нема некој врвен ракомет, но во последно време сакаат многу да вложуваат во младите категории. Имаме време да го анализираме противникот, но најважно е ние да бидеме фокусирани на нашата игра и форма.