Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ е најдобар стрелец на ЖРК Вардар во лигата на шампиони
Андреа Лекиќ е најдобар стрелец на ЖРК Вардар во лигата на шампиони

Андреа Лекиќ е најдобар стрелец на ЖРК Вардар во лигата на шампиони

По преземањето на ЖРК Вардар од страна на сопственикот Сергеј Самсоненко, клубот успеа во првата година да стане шампион на Македонија и да обезбеди учество во најголемото ракометно натпреварување. Во првата сезона за да се стигне до ЛШ, црвено-црните мораа да поминат преку квалификациски турнир, кој не претставуваше проблем за избраничките на Индира Кастратовиќ. Уште во првата натпреварувачка сезона успеавме да стигнеме до завршниот турнир во Будимпешта, каде го освоивме бронзениот медал. Ова достигнување го повторивме и следните две сезони, во кои директно се пласиравме во натпреварите од групната фаза на ЛШ.

Најдобар стрелец на Вардарки во изминативе три години во лигата на шампиони е српската репрезентативка Андреа Лекиќ, која заедно во пакет со Радичевиќ стигна уште во првата сезона на настап на Вардар во ЛШ. Засилувањето во натпреаврувачката сезона 2014/15, хрватската интернационалка Андреа Пенезиќ го зезема второто место на оваа листа на најефикасни играчи, додека Јованка Радичевиќ е трет најдобар стрелец во историјата на клубот, во натпреварите од лигата на шампиони.

Вака изгледа листата на ТОП-5 најдобри стрелци за Вардар во ЛШ:

1. Андреа Лекиќ  207

2. Андреа Пенезиќ 181

3. Јованка Радичевиќ  164

4. Сираба Дембеле   113

5. Маја Зебиќ   95.