По првиот меч со загребски Динамо имаме навидум неповолен резулат 1-2 (0-2), но тука не е крајот на нашето европатување, мора да веруваме во себе. Најдобар пример е двомечот со Спарта Прага во шампионската лига кога бевме на чекор од пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Тогаш на Градски бевме поразени со далеку понеповолен резулат од сега 2-3, во гости ни требаше 0-2 или доколку примиме еден или два гола да стигнеме до три постигнати. Тогашниот тренер на црвено-црните по домашниот пораз рече дека е разочаран, но дека “никој несмее да го скрати сонот“ за пласман понатака и дека има втор меч каде ќе се одигра на се или ништо и така и се случи.
Мораме утре повторно да одиграме така, бидејќи нема што да загубиме во Загреб во дуелот со фаворизираните “модри“ кои се поквалитетен тим од нас. Во Прага поведовме со 0-1 први преку Георгиевски во 30.минута и наговестивме дека нема да се предаваме дека ќе идеме по чудо. Ни требаше втор погодок бидејќи заради примените три во Скопје (сега примивме само два) ни требаше победа 0-2, за жал домашните преку еден од најквалитетните играчи во Европа во таа декада, Поборски четири минути потоа во 34 минута од мечот изедначија на 1-1. Тоа не беше крај за нас не се предаде вардаровото срце кое мечтаеше за чудо, за лудо европско чудо. Во вториот дел повторно нападнамве за водство против големиот противник Спарта, и бог ни подари гол за 1-2 преку Блесинг кој погоди во 64 минута. Останаа до крај речиси половина час фудбал и една цел да се даде трет гол, па по цена да се прими и втор бидејќи со 1-3 одевме понатака, а со 2-3 ќе се играше додатни продолженија на истиот дуел. Примивме гол за 2-2 во 82 минута преку Сионко домаќинот успеа да изедначи на 2-2, но не и да не скрши. Докрајот заедно со продолженијата останаа десет минури во кој срцата на домашните фудбалери и тринаесет илјадната публика на Стадионот “Тојота арена” трепераа од трето вардарово водство. За жал и ако ги препотивме не успеавме да погодиме за чудо и продолженија 2х15 минути, но покажавме дека не се предадовме дека Вардар игра од срце за Скопје, за својте навивачи за Македонија. Нека биде и утре така нека се плашат загребчани до 90 минута, само храбро вардарови фудбалери нема што да изгубите, а може да добите многу почит, радост и вашите имиња со златни букви да ги врежете во црвено-црната историја. Седлоски без разлика на кој состав ќе даде доверба, очекуваме сите да одиграат како еден, во продолжение потсетување на составот кој одигра 2-2 во Прага:
Јовчев ,Блесинг, Веселиноски, Бранковиќ , Ристовски, Брага , Гроздановски (од 64. Петков), Захариевски, Георгиевски ,Оливеира, Вандаир (од 82. Мисердовски). Тренер: Зоран Стратев.