Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Цела Европа беше љубоморна на Сергеј, на Вардар, на сето она што го имаше овој тим
Чупиќ: Цела Европа беше љубоморна на Сергеј, на Вардар, на сето она што го имаше овој тим

Чупиќ: Цела Европа беше љубоморна на Сергеј, на Вардар, на сето она што го имаше овој тим

Иван Чупиќ по пет сезони минати во Вардар, освоени бројни титули – како и две европски, си заминува од Скопје и од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Загреб.

Во интервју за „Ја сакам Македонија“, Чупиќ вели дека дома ќе носи најубави спомени од Македонија.

„Од Скопје ќе ги понесам најубавите спомени во Хрватска. Се чувствувам како да сум дома, не можев да одберам подобро место од Скопје. Сергеј Самсоненко направи убав проект, неговата упорност беше клучна. Ја покоривме Европа, имавме огромни успеси“, изјави во гостувањето искусниот ракометар.

Зборуваше за македонскиот ракомет од времињата на силен Металург во Европа, до Вардар во ерата на Самсоненко…

„Брендот на македонскиот ракомет почна од Металург, имав гостувано во „Борис Трајковски“ пред полни трибини. После дојде брендот Вардар со Самсоненко, со салата и сето она што го направи. Цела Европа беше љубоморна на Сергеј, на Вардар, на сето она што го имаше овој тим, среќен сум што бев дел од овој период“.

Го прашаа и за легендарниот погодок во финишот против ПСЖ..

„Многу често ме прашуваат за последниот шут против ПСЖ, ова е тимски спорт, мило ми е што успеав да бидам дел од таа приказна. На тајм – аутот, тренерот му рече на Алекс да ја земе топката и да ми ја спушти”.

,,Кога Циндриќ го даде тој гол во полуфиналето знаев дека ќе го освоиме Ф4. Среќен сум што успеавме да ја освоиме титулата, што го дадов тој гол. Дишевме како едно“ , рече феноменалниот Чупиќ.

Следната сезона ќе го гледаме како играч на ППД Загреб, па накратко одговори..

„За секој хрватски играч желба е да игра во ППД Загреб“.