Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Загреб и Чупиќ договорија соработка на три години
Загреб и Чупиќ договорија соработка на три години

Загреб и Чупиќ договорија соработка на три години

Ракометниот клуб Загреб и официјално го потврди доаѓањето на Иван Чупиќ, со кој е потпишан договор на соработка за следните три сезони.

Чупиќ ја игра последната сезона во дресот на Вардар, вкупно петта за десното крило, клуб со кој освои две европски титули.

Чупиќ во 2016 година пристигна од екипата на Киелце, како актуелен владател на ЛШ, а истиот успех го повтори и во првата сезона со Вардар. Покрај Вардар и Киелце, во својата богата играчка кариера настапуваше и за екипите на Рајн-Некар, Горење, Медвешчак и Метковиќ.