Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ ќе се врати во Скопје, но овој пат против Вардар во ЛШ
Чупиќ ќе се врати во Скопје, но овој пат против Вардар во ЛШ

Чупиќ ќе се врати во Скопје, но овој пат против Вардар во ЛШ

Денес со ждрепка беа извлечени групите за натпреварите во Лигата на шампионите. Вардар ги доби своите противници, а веќе е познат и редоследот на натпревари за двократниот Европски шампион. Според распоредот, новата сезона во ЛШ ќе ја започнеме со гостување кај екипата на Елверум, додека во рамките на второто коло во С.Ц. Јане Сандански ќе бидеме домаќини на Брест Мешков.

Ждрепката сакаше во Скопје да гостува и тимот на ППД Загреб заедно со Иван Чупиќ. Ова значи дека нема да му останат должни навивачите на Чупиќ, кој ќе добие огромни овации од вардаровата публика. Само за тоа малку ќе почекаат вардаровите навивачи и Чупиќ, бидејќи гостувањето на овој тим во Скопје е предвиден да биде во 12 коло, односно на 23/24.02, идната година.

Инаку, освен овие два тима во групата се уште и екипите на ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпелје и Елверум.