Уште еден голем удар за кадетско-младинската екипа на ЖРК Вардар, оваа есен ќе настапуваме без препознатливото пикерско дуо. Еден пикер за кој наскоро ќе пишеме заминува во Германија, но од денес капитенот на оваа генерација, Александра Коловска-Алекс повеќе не е дел од тимот.
Младата и перспективна Коловска која е на подготовките со младинската мак.селекција и ќе биде дел до кадетскиот тим на Македонија минува во сениорскиот тим на Металург. Таа ја прифати понудата да настапува во сениорската екипа од Автокоманда во престојното првенство и на настапите во европските купови.
Фала за се Алекс, среќно..