Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ се најде во најдобриот тим на “отсутните„ играчи од СП
Чупиќ се најде во најдобриот тим на “отсутните„ играчи од СП

Чупиќ се најде во најдобриот тим на “отсутните„ играчи од СП

Денес стартува светското првенство во Германија и Данска, на кое нема да има неколку звучни играчи, па така беше избран најдобриот тим на отсутни ракометари од овој мундијал.

Во идеалниот тим на “отстутните„ се најде и  по еден моментален и поранешен играч на Вардар. Се работи за десното крило, Иван Чупиќ кој нема да биде во составот на репрезентацијата на Хрватска, само за потсетување, Чупиќ настапи за Хрватска на последното Европско првенство кое се играше токму во Хрватска. Арпад Штербик го зазема голот на играчите кои нема да бидат дел од мундијалот, но никогаш не се знае ништо. Штербик не беше меѓу повиканите ракометари ниту на Европското првенство во Хрватска, но после повредата на Перез Де Варгас, доби принуден повик од селекторот Рибера и тоа на двата последни завршни натпревари. Токму Штербик беше број еден личност во полуфиналето против Франција, а потоа и во финалето против Шведска, на кое неговата селекција славеше и го освои златниот медал.

Интересно место на мундијалот немаше ниту за искусниот Гудјон Валур Сигурдсон од Исланд, како и за Никола Турна од Франција. Поради повреди ќе ги нема Карабатиќ од Франција и Тонесен од Норвешка, додека Шмид не се пласираше на СП со селекцијата на Швајцарија.

vardarfans-cupic-sterbik