Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хрватска го продолжи „сонот“ за пласман на ОИ, Чупиќ постигна девет гола од исто толку обиди
Хрватска го продолжи „сонот“ за пласман на ОИ, Чупиќ постигна девет гола од исто толку обиди

Хрватска го продолжи „сонот“ за пласман на ОИ, Чупиќ постигна девет гола од исто толку обиди

Хрватската ракометна репрезентација го продолжува „сонот“ за учество на олимписките игри во Токио. После воведниот пораз од репрезентацијата на Франција, селекцијата на Хрватска успеа да направи подвиг и од шест гола негатива да се врати и да слави победа во дуелот со Португалија.

Во голем дел од натпреварот, Португалија беше во предност, а на полувреме имаше водство од 9:12. Лошо стартуваше и второто полувреме за избраниците на Хрвоје Хорват, кои беа во негатива од 10:16. Сепак Хрватска не се откажа, постепено ја топеше негатива, стигна само еден гол негатива (16:17), а до крајот гледавме големи возбудувања. Лука Циндриќ беше херојот кој погоди за предност во последната минута, додека Португалија не реализира напад за израмнување. На крајот триумф за Хрватска изразен со резултат 25:24.

Најефикасен во триумфот беше вардаровиот играч, Лука Циндриќ, кој го заврши натпреварот со 9 постигнати голови од исто толку обиди. За пласман на ОИ, на Хрватска и е потребна победа денес над Тунис, како и победа на Франција против Португалија.