Во текот на вчерашниот ден, генерацијата 2007 одигра пријателски натпревар со екипата на Пелистер. Истиот заврши во корист на битолската екипа која славеше убедливо со резултат 0:6.
Генерацијата 2007 на Вардар е „драстично“ ослабена после заминувањето на осум играчи во Академијата на ФФМ. Денес Пелистер беше подобриот тим и заслужено славеше на натпреварот кој се одигра на теренот во населбата Хиподром.
Тренерот Коцески го стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Даниел Исајловски, Филип Смиљков, Фидан Шерифи, Бедри Садики, Кренар Хоти, Петар Котевски, Фуад Керими, Иван Блажевски, Лука Рајчин, Михаил Јорданоски, Нијази Нухиу.
За одбележување во првото полувреме е одбранетиот пенал на нашиот голман, Исајловски, кој имаше одлична интервенција.